5 вежби за дамите постари од 40 години: Подмладете ја секоја клетка во телото за една недела

858

Нека годините ви бидат само бројка!

Најдобриот лек за староста е активноста! Овие 5 ефикасни вежби ќе ви помогнат не само да го доведете телото во добра форма, туку и да ја сочувате младоста.

Кога жената ќе наполни 40 години, метаболизмот се забавува, хормоните се менуваат, телото станува помалку флексибилно и подвижно. Тоа влијае не само врз физичката состојба, туку и врз емоционалната. Секоја жена сака да биде млада и активна на која било возраст.

Целта на овие вежби е да се прават секој ден за телото да биде во најдобра можна форма.

Редовното вежбање го стимулира производството на ендорфин и серотонин – хормоните за среќа, го стимулира протокот на крв, ја подобрува мозочната активност, сонот станува поквалитетен и попродуктивен.

Брпи (Burpee): Клекни, легни, стани, скокни

Најдобра вежба за согорување калории. Можеби изгледа тешко, но кога ќе почнете да ја правите, ќе сфатите зошто е неопходно да ја правите секој ден. Не бара посебна спортска опрема и може да ја правите дома.

Клекнувања (Squats)

Исправете го грбот, клекнете, па станете… Рускиот доктор Сергеј Бубновски тврди дека клекнувања се мајка на сите вежби и дека само тие го поттикнуваат протокот на крвта низ целото тело. Тој смета дека со редовното правење клекнувања може да го спречите качувањето на крвниот притисок.

Штица (Plank)

Едноставно заземете положба за „штица“ и држете. Целта е да останете во оваа положба што е можно подолго. Сепак, не дозволувајте телото да ви страда. Тежината треба да паѓа на мускулите на стомакот и задникот. Оваа вежба ги затегнува стомачните мускули и задникот.

ФОТО: Profimedia

Исчекор

Застанете право, па исчекорете со една нога и свиткајте се во полу клекнување. Вратете се во почетната позиција, па повторете ја вежбата со другата нога.

Вежби за задник

Спуштете се во кучешка поза, па испружете ја едната нога наназад колку што можете повеќе. Вратете се во почетна позиција, па истото направете го и со другата нога. Овие вежби совршено дејствуваат врз задникот. По неколку дена, вашите бутови и задник ќе бидат значително поцврсти.