По победата во Рејкјавик пред неколку дена, репрезентацијата на Македонија вечерва против Исланд одигра нерешено во Скопје (24:24).
По првото одлично полувреме за гостите вечерва (10:11), нашите репрезентативци одиграа добро второ полувреме, се вратија во егал и водеа во последните 10 минути од мечот.
Но во последниот напад на Исланд, гостите некако успеаја да дојдат до гол од далечина за реми на овој меч (24:24).
Капитенот Кире Лазаров беше најефикасен со 8 голови на оваа средба, Борко забележа 12 интервенции.