„Франс Фудбал“ го потресе фудбалскиот свет: Објавија насловна со Меси и Роналдо како се бакнуваат

895

„Франс Фудбал“ денеска ја изненади фудбалската јавност со својата насловна страница на која се наоѓаат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Угледниот француски магазин денеска шокираше многумина со насловната страна која се појави утринава како најава за следното издание на магазинот. На истата се Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои се бакнуваат во прегратка.

Оваа слика настана пред неколку години на улиците на Барселона кога уличниот уметник „Tvboy“ го наслика овој графит на плоштадот Каталонија.

Тогаш оваа фотографија предизвика големо внимание во фудбалската јавност, а сега истото го направи „Франс Фудбал“ со својата насловна страница, бидејќи на многумина не им е јасно зошто го направија тоа.

Тие одлучија на овој начин да го најават новиот број во кој главната тема ќе биде дебата за тоа кој од нив двајца е најдобар играч на светот, а во истата учествуваа многу познати фудбалери.

Меѓутоа, јасно е дека фотографијата и самиот приказ на Меси и Роналдо предизвика голем скандал, додека за темаата која ќе излезе во следниот број, речиси никој и да не зборуваше.