Бели фармерки: Како се комбинира најголемиот пролетен хит?

781

Може да ги носите во сите прилики, на прошетка или на работа

Фармерките несомнено се едно од најпопуларните модни парчиња што со задоволство го носиме во текот на цела година, а пролетва најголем хит се оние во бела боја!

Се носат во сите прилики, а можете да ги комбинирате со елегантни парчиња како што се свилени топови и сакоа, но и со патики и памучни маички со принт. Постојат навистина многу комбинации, а ваше е да ја одберете најдобрата за вас.

Еве неколку предлози како да носите бели фармерки во различни прилики:

1. Спортско издание

Едноставни и сестрани, белите фармерки се идеални за секојдневните спортски комбинации што ги обожаваме. Носете ги со трендовска тексас-јакна и соодветни додатоци.

2. За вечерно излегување

Белите фармерки се совршена алтернатива за црните и сини модели и одличен избор за вечерно излегување во кој нема да поминете незабележани. Со обувки со потпетица и женствен топ, комбинацијата е повеќе од добитна.

3. За на кафе

Пролетните денови се идеални за пиење кафе на сонце, во друштво на добра книга или пријателка. Белите фармерки се одлични за каква било модна комбинација. Нашиот омилен избор оваа пролет е блузата во нежна боја, во комбинација со светли патики.

4. За љубовен состанок

Независно од тоа дали станува збор за излегување со долгогодишен партнер или за прв состанок, факт е дека секогаш сакаме да блескаме пред саканиот. За да бидете секси, а да не претерате, одбирајте парчиња што ќе привлекуваат погледи на суптилен начин. Па така, комбинирајте ги вашите омилени бели фармерки со топ со тантела, женствени обувки со високи потпетици и кожена јакна или пончо.

5. Деловна комбинација

Белите фармерки одлично изгледаат во сите комбинации, а своето место го имаат најдено и во деловниот плакар. Комбинирајте ги со свиленкасти кошули и светли обувки.