Збесна легендата на Јунајтед: Ослободете се од тие мрзливци!

837

Дебаклот на Гудисон Парк од Евертон ги извади од такт сите кои се на некој начин поврзани со Манчестер Јунајтед.

Исклучително лут беше поранешниот капитен на тимот Гери Невил кој испрати сериозна порака до раководството и стручниот штаб.

„Заборавете го талентот, ако не работат напорно и не се борат за тој дрес, ослободете се од нив. Ослободете се од мрзливците. Не ми пречи што губат натпревари, но немојте да го спуштате клубот толку ниско“, порача Невил.

Тој не кажа имиња, па англиските медиуми се прашуваат на кого мисли иако не исклучуваат да мисли на сите фудбалери во екипата.