Нина Бадриќ веќе неколку дена ужива на приватниот остров Некер на Кариби заедно со својата другарка Сандра Мељниченко, која неодамна го прослави 42-от роденден во друштво на сопругот Андреј и блиски пријатели. Меѓу нив, годинава, беше и популарната хрватска пејачка.
Нина редовно објавува фотографии од одморот на Инстаграм, а посебно внимание привлекоа оние на кои се гледа огромната јахта која е во сопственост на рускиот милијардер и најбогатата Србинка – Андреј и Сандра Мељниченко.. Имено, бродот е долг 143 метри и вреди околу 400 милиони евра.
Извор: „Свет“
Фото: Инстаграм