Пред Пик Сегед… пласман во Келн како „совршен крај за Вардар!“

854

Вардар вечерва го игра мечот на сезоната, во ЛШ, против ПИК Сегед, во битка за пласман на завршниот турнир во Келн годинава.

По информацијата дека Самсоненко се повлекува од позицијата генерален спонзор на клубот, очекувањата, мотивите и веројатно желбите во клубот, кај играчите, веројатно спласнаа.

Се чуствува некое тивко разочарување, но ракометарите ветија дека ќе дадат се од себе во овој двомеч.

Ќе се обидеме да се пласираме на завршниот турнир во Келн, иако во клубот актуелната ситуација не е баш најдобра. Треба да одиграме со срце и за публиката. За жал, тоа ќе биде совршен крај за овој Вардар“, потенцира тренерот Парондо.

Од следната сезона, Вардар сигурно ќе има далеку пододредена улога и ќе биде веројатно со драстично послаб состав на сите фронтови каде ќе настапува.

Првиот меч се игра вечерва во Скопје со почеток од 20 часот.