Пет години по заминувањето од Енфилд Роуд, Луис Суарез ќе се врати на овој стадион како играч на друга екипа во прв официјален меч.
Но поради постигнатиот гол и неговата прослава против Ливерпул, Џејми Карагер не верува дека Уругваецот ќе биде топло пречекан на реваншот на „Енфилд“.
„Мислам дека Луис Суарез нема да биде топло пречекан назад. Суарез е таков тип на играч, кој го сакате кога игра за вас, но го мразите кога игра против вас. Тој постигна фантастичен гол и го прослави против Ливерпул, но нека не се надева дека ќе биде херојски пречекан од навивачите“, констатира Карагер.
Суарез по Ајакс, три ипол години играше за Ливерпул, па во 133 меча постигна 83 голови.