На Северна Кореја и се заканува катастрофа? Новиот потег на Ким Јонг Ун открива дека ситуацијата на полуостровот е драматична, загрозени 10 милиони луѓе

884

Многу семејства во оваа држава консумираат протеини само неколку пати годишно.

Северна Кореја го намалила износот на рационирана храна на 300 грама дневно, што е најнизок износ во историјата за овој период од годината, а дополнителни кратења се извесни по најлошата жетва во последната деценија, објавиле ОН.

ОН правел проценка на храна од 29-ти март до 12-ти април, на барање на Северна Кореја. Добиле широк пристап, вклучувајќи и пристап на кооперативни фарми, рурални и урбани домаќинства, градинки и центри за дистрибуција на храна.

“Новата безбедносна проценка на храната откри дека по најлошата жетва во последните 10 години, поради сушните периоди, топлински бранови и поплави, 10,1 милион луѓе се погодени од тешка несигурност по прашањето за храна, што значи дека нема доволно храна до следната жетва, рекол портпаролот на Светскиот програм за храна, Херве Верхосел.

Истражувањето открило дека севернокорејскиот внес на протеини е многу низок, а дека некои семејства консумираат протеини само неколку пати годишно.

WFP и Организацијата за прехрана и земјоделие на ОН, кои заедно го спровеле истражувањето, се меѓу неколкуте хуманитарни агенции со пристап до Северна Кореја, која била погодена од глад во 1990-тите, а притоа умреле до 3 милиони луѓе.

Земјоделското производство од 4,9 милиони тони, најниско од 2008/2009, довело до недостиг на храна од 1,36 милиони тони во 2018/2019-та.

Од 7,5 до 17,5 милиони граѓани на Северна Кореја зависат од владините рационарни оброци, односно од 2,6 милиони земјоделци.

Светската програма за храна планира нова проценка во текот на август и септември, за подобро да се процени кризата.