Јелена Карлеуша на сите начини пробува да стаса со Сораја Вукелиќ се со цел да ја натера да демантира дека била во тајна врска со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ за што пишуваше српски „Курир“.
За потсетување, поранешната учесничка во „Големиот брат“ и фудбалерот се гледале околу една година и тоа во периодот додека Карлеуша била во комбинација со Огњен Врањеш. Тогаш, според зборовите на изворот, Тошиќ имал попаметна работа – уживал со Сораја во Турција и и купувал скапоцени подароци, алка од 60 илјади евра, облека и чевли. Ова сознание поп дивата тешко го поднела и сега најважна мисија и е манекенката се да демантира.
Јелена со месеци се сомневаше дека Душко нешто прави со Сораја, но и со Софија Милошевиќ, но не беше сигурна. Тогаш и таа се гледаше со Врањеш, па не обрнуваше многу внимание на сопругот и неговите авантури. Сега, кога остана без Огњен, а тајните врски на сопругот излегоа на виделина сфати дека била во право и дека и Душко нејзе не и бил верен, открил изворот.
Затоа и на Врањеш му рекла дека сопругот мора да биде виновен за нивниот развод, а не таа. Докази сепак не успеала да собере, а се се претвори во хаос поради тоа што таа прва беше разоткриена. Сега ја боли што Тошиќ и на другите им купувал скапи подароци. Толку и е криво што веднаш собра армија на луѓе и ги замоли да најдат начин и да дојдат со Сораја и притоа да бараат од неа да демантира се.
Сораја на Инстаграм напиша дека не и е јасно зошто ја вплеткуваат во уште една афера, но тоа не е демант. Сораја има стабилна врска и не ја интересира тоа што Јелена преку свои посредници пробува да ја врбува за да ја демантира приказната која е до детали точна. Откако и беше забранет влез во Србија, Сораја не се огласува и нема намера тоа да го прави, а уште помалку да ја демантира врската со Душко која беше страсна и бурна. Душко со неа доживеа нешто што го нема доживеано со друга и тоа сам им го кажуваше на пријателите и соиграчите, заклучил изворот.