Треба максимално да редуцирате многу трошоци кои самата работна активност може да ги создаде, а на тој начин може да постигнете голем резултат со заштеда на парите на работа.
Без оглед на тоа дали е од гледна точка на работодавецот или од гледна точка на работникот, во продолжение ќе видиме некои идеи за поефикасна заштеда на пари за време на работното време.
Сите сакаме да имаме пари во својат паричник или на банкарската сметка. За да го постигнеме тоа, постојат два главни начини кои меѓусебно се дополнуваат. Од една страна, треба да заработите пари, а од друга страна треба да ги сочувате, пренесува „Ehorus“.

Можете ли да живеете без скапото кафе кое секојдневно го нарачувате, наместо она обичното? Не? Дали сте сигурни дека не можете?
Тоа е само еден од многуте беспотребни трошоци кои се нарекуваат микротрошоци, навидум безначајни, но на крајот од месецот сепак сфаќате дека сериозно сте му наштетиле на вашиот буџет. Доколку работите во канцеларија, може да инсталирате апарат за кафе на работното место. Вработените во компанијата ќе заштедат пари, а работната околина ќе се подобри со сите предности кој ги носи овој апарат.

Готовата порачана храна, обично е многу поскапа од домашната, а зависно од местото на кое јадете, таа храна може да биде и помалку здрава. Кога станува збор за работодавците, тие на вработените можат да им обезбедат микробранова печка, која исто така ќе биде од големо значење.

Сè повеќе компании ширум светот прават флексибилни распореди и на вработените им нудат флексибилно работно време. Покрај бројните предности кои ги има оваа метода, меѓу која се истакнува рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, со оваа метода штедите и пари. На пример, можете да го договорите времето на доаѓање и заминување од работа, така што можете да одите на работа кога има помал сообраќаен метеж, што ќе ви заштеди на гориво, или можете прекувремено да работите од дома.
Доколку имате фирма, знаете дека трошоците за канцеларија (закупнина, струја, греење, компјутерска опрема) се многу важни, а дури можат да направат и промена во резултатите на крајот од годината. Постојат многу начини за да ги намалите, како што е барање на најдобри понуди во набавка на материјали за работа или компјутерска опрема за работење. Исто така, можете на вработените кои се заинтересирани за оваа опција, да им понудите работа на далечина.