Песочната олуја пристигнала одненадеж и проголтала град за пет минути: Апокалиптични сцени од австралискиот град Милдура

968

Огромна песочна олуја го покрила австралискиот град Милдура вчера напладне, претворајќи го денот во ноќ за само неколку часа. Милдура е погодена од најлошата прашина во последните години.

Според зборовите на очевидците тоа била најлошата олуја во последните 40 години. На фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, видливи се огромни облаци прашина кои се надвиваат над градот.

Продавачот на автомобили во “North Star Mildura Motors”, Шон Блајтман, тврди дека ќе биде тешка задача да се исчистат 100 автомобили полни со прашина.

Тој рекол дека на почетокот изгледало како големо невреме и дека потоа се станало црно.

“Тоа беше како дебел ѕид”, рекол Блајтман.

Прогностичарот во Бирото за метеорологија, Ричард Карлион, рекол дека е невообичаено во мај да се појави песочна олуја.

Обично тоа се случува во сушните делови на годината, во лето. Ова беше многу сув почеток на годината – додал тој.