По неславната завршница во ЛШ – Барселона го загуби Суарез

855

Луис Суарез сепак ќе мора под нож во операциона сала, индициите се остварија, Барселона го загуби Уругваецот до крај на сезона.

Веднаш по неверојатниот меч против Ливерпул на Енфилд, каде Барселона беше совладана со 4:0, Суарез мораше да се соочи со операција.

По елиминацијата од Барселона, за идната сезона неизвесно е и останувањето на Валверде, а добар дел од сегашниот тим ќе биде со променет лик следната сезона.

На Суарез по операцијата му претстои пауза од 7-8 недели, по што ќе се опоравува, ќе има време за краток одмор и повторно ќе има летни обврски со клубот.

Во целата оваа работа, поради операцијата на Суарез ќе жалат во селекцијата на Уругвај, која има натпревар од Копа Америка.