Мислела дека го запознала својот принц, но потоа целиот нејзин свет се срушил: Тој се претставувал како син на милијардер, а на крајот ја ограбил

908

Тој веќе робувал во Финска, а во Израел го бараат за неколку измами. Норвешката студентка на апликацијата за запознавање Тиндер, запознала згоден маж од Израел. Кога го договарала првиот состанок не ни помислила дека ќе ѝ го скрши срцето и ќе ја ограби.

Сесил Фјелхој (28) студирала во Лондон кога го запознала мажот кој се претставил како Симон Левиев.

Тврдел дека е син на милијардер и трговец на дијамантите Лева Левиева. Нивниот прв состанок поминал одлично.

Симон ја однел Сесил во Бугарија со приватен авион и ѝ кажал дека дома го нарекуваат “принц на дијамантите“ и дека е богат наследник.

И раскажал дека е премногу зафатен и дека често патува. Започнале љубовна врска на далечина, а Сесил се заљубила. Секојдневно ги менувале нивните романтични пораки и видео јавувања.

После неколку седмици Симон ја замолил Сесил да му даде податоци од нејзината кредитна картичка за да може анонимно да ги троши нејзините пари. И рекол дека ќе ѝ ги врати сите пари кои ќе ги потроши на авионски карти, хотели, вечери. Објаснил дека ќе му бидат потребни многу пари за да го згрижи целиот свој тим.

Откако Сесил добила листинг од месечната сметка, сфатил дека Симон ги трошел парите купувајќи од луксузните продавници во Бангкок и дека престојувал во хотелот Rith во Берлин.

За само еден месец потрошил повеќе од 75.000 долари, а повеќе од половината биле од картичката на Сесил. постојано ѝ веетувал дека за брзо ќе ѝ ги врати парите. Наскоро сфатила дека станува збор за измамник.

„Ми дојде да повратам. Првпат во животот бев во таков шок. Се чувствувам како себеси да си го уништив животот“ – вели таа.

Полицијата успеала да го пронајде мажот и дознале дека вистинското име му е Шимон Хјуан.

Шимон е познат на полицијата од претходно, а седум години поминал зад решетки во Финска затоа што веќе еднаш ја измамил некоја жена за огромна сума на пари, а во Израел го бараат заради неколку измами.

„Се мразам себе. Уште ми е болно сето ова. Не го изгубив моето момче, не ме остави туку никогаш не ни постоеше“ – тажно раскажала Сесил.