На манекенката ѝ “ѕирнала” брадавицата, а потоа следел среден прст кон фотографите

2243

Манекенката на црвениот тепих пристигнала многу самоуверено, но потоа работите тргнале во надолна линија.

Станува збор за Хеиди Луштаку која присуствувала на престижниот Кански филмски фестивал, а на црвениот тепих пристигнала во светкав фустан со длабоко деколте кое се покажало како – предлабоко.

Имено, во еден момент во текот на разговорот, на Хеиди ѝ “ѕирнала” брадавицата, но тоа не било сè – откако фотографите го снимиле овој непријатен момент, манекенката се свртела кон нив и им покажала среден прст.

Многумина го прогласиле нејзиниот потег за “недамски”, со оглед на тоа што сè се случило на 72-то издание на фестивалот кој се смета за еден од најпрестижните и е познат по строгите правила на однесување и облекување.

Инаку, манекенката пристигнала на француската ривиера поради промоција на филмот “The Dead Don’t Die” што е воедно нејзин прв чекор кон филмскиот свет. Во филмот глумат и холивудската актерка Тилда Свинтон и пејачката Селена Гомез.