Тажната вдовица на лешот на Ники Лауда ставила нешто што му го одбележало животот

917

Денеска во Виена бил закопан легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда. Од Лауда дошле да се простат сите кои значат нешто во светот на Формула 1, а на погребот бил виден и неговиот близок пријател Арнолд Шварценегер.

Скршена и во солзи, на погребот притигнала и 40-годишната сопруга на Лаудина, Биргит, која во еден момент му пришла на лешот и на него ја ставила омилената црвена кацига на Лаудина. Тој момент ги погодил сите кои биле внатре во црквата.

Илјадници обожаватели на легендарниот Лауда денеска со часови чекале на дождот за да влезат во црквата и да се простат од него. Неговите синови, Матијас и Лукас не можеле да ги сокријат солзите, како и останатите блиски пријатели и обожаватели.

Да потсетиме, Ники Лауда почина на 20-ти мај, во 71-та година од животот. Покрај него до последен момент била неговата сопруга Биргит, која му донирала бубрег на почетокот на нивната врска.