Барса на шопинг на Местаља – доаѓаат двајца од Валенсија!?

805

Актуелниот шпански шампион Барселона повторно ќе се обиде да донесе некој фудбалер од Валенсија како што тоа го правеше последните години.

Последен кој дојде на Камп Ноу од Местаља е Џејсон Муриљо, но тој не се прослави и ретко беше на теренот. Следни на листата се Дани Парехо и Родриго Морено кои треба да бидат засилувања за средниот ред и за нападот. Парехо има откупна клуаузула од 50, а Родриго од 120 милиони евра, но Барса се надева дека може двајцата да ги добие за 100 милиони.

Инаку, во последните десетина година Барселона донесе исто толку фудбалери од Валенсија. По Давид Виља, оттаму ги купи уште Жереми Матје, Пако Алкасер, Андре Гомес, Жорди Алба итн.