Чеда Јовановиќ ја шокираше Србија: Албанскиот народ е последен балкански кој го бара своето место под сонцето

1398

Српскиот опозициски политичар Чедомир Јовановиќ вели дека ги поддржува Албанците да се изборат за свое место на Балканот и дека тие не прават ништо различно од тоа што го правеле другите балкански народи во минатото.

Албанскиот народ е последен  балкански народ кој го бара своето место под сонцето. Тоа го прават на ист начин на кој претходно тоа го правеа и другите балкански народи,низ крв, низ несреќа, низ патење. И ние војувавме, рушевме династии. Така и тие го бараат своето место под сонцето. Живееме заедно – вели Јовановиќ за РТС.