Нејмар објави „жешки“ слики од девојката која го обвини за силување! (ВИДЕО)

914

Нејмар беше обвинет дека силувал девојка на 15 мај во хотел во Париз. Наводната жртва поднела тужба во една полициска станица, а ѕвездата на ПСЖ реши да одговори со откривање на нивните пораки и фотографии, па вели дека девојката сакала само да ги добие неговите пари.

Бразилскиот напаѓач преку Инстаграм одговори на девојката, па покажа дел од разговорите и фотографиите, кои му ги испраќала девојката додека била само по долна облека.

„Тоа што се случи тој ден беше однос меѓу маж и жена во четири ѕида, нешто што се случува во сите парови. Наредниот ден не се случи ништо, па продолживме со пораките. Обвинет сум за силување. Тоа е тежок збор. Ме изненади. Тоа е многу лошо и тажно“, вели Нејмар.