Вардар инкасираше половина милион од европската круна во Келн

1056

Ако во некои други спортови, европската титула носи многу пари, како од награди, така и од ТВ правата, во ракометот премиите се минимални. Така, Вардар ќе инкасира 500.000 евра од освоената европска титула, плус уште други награди од ЕХФ заради патот до Келн.

Се предвидува дека во зависност од пласманот на ИХФ Суперглоб во Саудиска Арабија во септември Вардар може да добие уште половина милион. Сепак, ова е премала сума за да се планира идната сезона.

Ривалите на Вардар на овој завршен турнир се клубови со многу поголем буџет, цврсто јасни планови и договори со најголемите ѕвезди на подолг период. Но, и тоа не им беше доволно да го најдат лекот за храбрите вардарци.

Пред две сезони Вардар освои четири титули, а годинава не го освои само Купот на Македонија, кој во Куманово заврши со славје на Металург.