Хеликоптер се удрил во зграда на Менхетен: Сакал да слета на покривот, па настанал хаос, а има и повредени!

798

Хеликиоптер се удрил директно во една зграда на Менхетн, во Њујорк.

Како што се наведува, сето тоа се случило на 7-та авенија, а полицијата на почетокот мислела дека станува збор за авион, а не за хеликоптер, како што всушност се испоставило на крајот.

На лице место има голем број пожарникарни возила. Најмалку една зграда е евакуирана.

Медиумите пренесуваат дека хеликоптерот сакал да слета на покрив на една зграда, но при слетувањето настанал пожар. Очевидците истакнале дека почувствувале затресување на зградата, но не знаеле за што точно се работи.

Сè уште нема повеќе детал за случајот.