Син на шеик од Обединетите Арапски Емирати, Хамадан Бин Зајед Ал Нахијан, пристигнал со луксузната 141 метарска јахта на неговиот татко во Дубровник, каде што со своето друштво се забавувал во популарниот клуб “Revelin” во стариот град.
Сепак, проблемите настанале кога тој одбил да ја плати сметката од 50 илјади евра, пренесува dubrovackidnevnik.rtl.hr. Повикувајќи се на своите извори, споменатиот хрватски медиум открива дека на друштвото им биле спорни пијачките на хостесите, па морала да интервенира и полицијата. Синот на шеикот наводно одбил да плати дел од сметката која не се однесувала на неговото пиење.
Еден од гостите од јахтата наводно во текот на вечерта ги почестил хостесите со скап шампањ, а литри и литри алкохол испиле синот на шеикот и целото негово друштво, се додека не пристигнала сметката „тешка“ 50 илјади евра.

Откако синот на шеикот и неговото друштво одбиле да ја платат сметката, во целиот инцидент се вмешало и обезбедувањето, по што на крајот пристигнала и полицијата која го привела милијардерот. На крајот, со помош на неговото друштво, тој сепак ја платил сметката, а целата ситуација станала појасна откако тие се отрезниле и сфатиле дека направиле грешка.
Од полицијата, како и клубот “Revelin” не ги потврдиле овие информации затоа што од клубот имале политика да не ги откриваат имињата на своите ВИП гости.

Инаку, богатството на семејството на синот на шеикот се проценува на 10 милијарди долари. Компаниите на неговиот татко имаат над 50 илјади вработени, а тој е и сопственик на третата најголема јахта на светот долга 162 метри.