Најжестоките навивачи на Јувентус мораат да ја подголтнат кнедлата што им ја подготви раководството на клубот со договорот со Маурицио Сари.
Поранешниот тренер на Наполи е нов предводник на торинскиот тим иако не толку одамна двете страни беа жестоки непријатели. На тоа потсетува и некогашниот претседател на Јуве, Џовани Коболи Гиљи кој го нарече договорот гнасен потег.
„Како навивач се надевам дека овој гнасен потег нема да се оствари. Сари беше силен во Наполи, но јас имам добро памтење и се сеќавам на се што рече и направи на сметка на Јувентус“, рече Гиљи.