Летонски голман доаѓа во Вардар, Артурс Кугис е „црвено-црн“

796

Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат. Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.

Артурс беше особено забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија. Првпат Летонија избори место на ЕП, тој е соиграч на вардарецот Даинис Криштопанс.

Вардар во втората половина на јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, а сигурно е дека на крајот на август треба да настапи на Супер Глоуб каде ќе се обиде да стигне и до титулата на неофицијалното клупско Светско првенство.

Пред да пристигне Артурс, со трансфер во Вардар се поврзуваа Никола Портнер, Филип Ивиќ и Мохамед Хендави.