Иран објавил снимка од соборување на американскиот дрон: Ова е доказ дека леталото влезе во нашиот воздушен простор

839

Односите меѓу САД и Иран по соборувањето на американскиот дрон се посебно затегнати.

Командантот на Иранската револуционерна гарда Хосеин Салами изјавил дека соборувањето на американското беспилотно летало пратило “јасна порака” до САД.

Салами додал дека Иран нема намера да војува со ниедна земја, но дека е “подготвен за војна”.

Во меѓувреме, Техеран објавил и снимка од соборувањето на дронот, како и од неговото патување.

Како што се наведува, дронот се доближил до иранскиот воздушен простор за да собира разузнавачки податоци. Потоа се вратил кон Ормушкиот мореуз, преминот меѓу Оман и Иран.

На тој пат го соборил одбранбениот систем “Кордад 3”. Инаку, станува збор за беспилотното летало “Global Hawk”.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес иранското соборување на американскиот дрон го нарекол “голема грешка”.

Вашингтон тврди дека соборувањето се случило во меѓународен воздушен простор, а Техеран дека се случило над иранска територија.