Погледнете како паднал германскиот “Eurofighter” по ужасниот судир: Запалениот авион паднал на земја како да е од хартија

1165

На интернет се појавила снимка која го покажува моментот кога германскиот млазен авиони “Eurofighter” паднал на земја по судир во воздухот на северот на Германија.

Германските воздухопловни сили потврдиле дека два нивни воени авиони се урнале откако се судриле на североистокот на таа земја, а пилотите успеале да се катапултираат.

Авионите се судриле во близина на езерото Мириц, на околу 100 километри од Берлин.

“Еурофајтерите” биле во патрола, заедно со трет авион, чиј пилот го пријавил настанот кога видел што се случило.

Еден од пилотите преживеал, додека другиот ја немал таа среќа.