Драматична средба на руските и американските бродови: Руска флота пловела кон Куба, американските разурнувачи веднаш започнале да ги следат

879

Одред на бродови од Северната флота на руската воена морнарица на чело со фрегатата „Адмирал Горшков“ пристигна на пристаништето во Хавана, а се планира и пристигнување на амбасадорот на Русија на Куба, Андреј Гусков.

Руската флота на бродови тргнала на долга пловидба на 26-ти февруари од Североморск и преминала околу 28 илјади наутички милји.

Додека Русите пристигнувале кон кубанското пристаниште, американските воени бродови крстареле во близина на кубанскиот брег. На неколку километри од руската фрегата се нашол и моќниот американски разурнувач вооружен со крстосувачки ракети „Џејсон Данам“.

Како што соопштија од руското Министерство за одбрана, руските бродови за време на нивната долга пловидба исто така ги посетиле и пристаништата во Република Џибути и Коломбо, како и кинеското пристаниште Чингдао каде што присуствувале на прославата по повод 70-годишнината од поморските сили на Народно-ослободителната војска на Кина.

Одредот мајските празници ги поминал во рускиот град на Далечниот исток, Владивосток, по што тргнал кон Тихиот океан и пристигнале во Пуерто Боливар во Еквадор. Руските бродови минатата седмица го минале панамскиот канал и навлегле во водите на Карипското море.