Ја носи лентата за Мис Србија, а пред камерите низ насмевка го направила албанскиот симбол со рацете

879

Ирина која се претставува како Мис Србија со рацете го покажала симболот на голема Албанија и тоа ни помалку ни повеќе туку во текот на натпреварот кој беше одржан во Косово и Метохија.

Овој скандал со кој социјалните мрежи “вријат“ наишол и на изненадување од самите организатори кои тоа не го очекувале.

Оваа мисица неколку пати со рацете го покажала албанскиот орел велејќи дека тоа е “облик на почитување“ и дека е “нормално тоа да го направи“.

Не е познато кој и како ѝ ја дал лентата Мис Србија, но тоа неа не ѝ пречело позирајќи со две други девојки кои ги претставувале Албанија и Косово, заедно со нив уште еднаш пред камерите и фоторепортерите да го направи симболот на Албанија.

Весна де Винча, сопственичка на модната агенција „Miss You“, вели дека нејзината компанија нема никаква врска со Ирина.

„Мојата компанија отсекогаш размислуваше за интересот на нашите држави и народот. Секако дека ние немаме никаква врска со изборот на таа девојка ниту со тоа кој ја пратил неа. Таа сигурно не победила во некое официјално натпреварување, тоа е некој лажен избор. Не сум сигурна дека таа знае што прави, но сигурна сум дека знаат оние кои ја пратиле и кој го организираа овој избор“ – изјавила Винча.