Сенатот на САД одобрил за Пентагон да се издвојат 750 милијарди долари за изградба на нови стратешки воени пристаништа на Арктикот, со цел да и се пружи отпор на Русија во тој регион, соопштува порталот “Хајс”, а пренесува официјалниот медиумски сервис на Министерството за одбрана на Русија, “Ѕвезда”.
Стратешката положба, огромните количини на руда и минерали и Северниот леден океан како една од најкратките трговски рути, го прават Арктикот многу интересна локација за многу земји.
Меѓутоа, оценува порталот, да и се спротивстават на Русија нема да биде можно туку-така, бидејќи САД моментално има само еден мразокршач кој е во функција, додека Русија има десетина.
Токму затоа Вашингтон веќе потрошил околу 750 милиони долари на развој и изградба на нови мразокршачи, а во план е да се направат уште два такви брода.
Порталот потсетува и дека во мај оваа година, советникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон, рекол дека е неопходно да се завладее со Арктикот за да се намали влијанието на Русија и Кина во тој регион.
Поради тоа и постои опасност, додава порталот, дека Арктикот ќе стане главна причина за нови конфликти во 21-виот век.