Оваа сцена го растажи целиот регион: Фотографија на пар која најдобро ја опишува ситуацијата со која се соочуваат многу семејства на Балканот

720

Фотографијата на парот кој се разделува на автобуска станица во Тузла брзо се рашири по социјалните мрежи и доби многу коментари.

„Тој заминува во светот, заминува да побара нешто што овде не најде. Ја остава својата жена и дете кое не е ни свесно дека неговиот татко заминува, а тоа мало суштество носи плишано мече низ автобуската станица“ – така започна приказната на Ирдин Беќировиќ кој ја фотографирал оваа сцена.

„Во сцената која траеше неколку минути има многу тестови кои не се положени. Тој паѓа на тестот, целиот е во грч, а на крајот пушта солзи. Односно, како да е важно колкав маж си, оставаш нешто за кое се живее, тогаш на кого му е важно колкав маж си. Државата паѓа на тестот, онаа држава која сите треба да нè “прегрне“, онаа држава која треба да каже дека ние сме нејзините синови и дека нам тука ни е местото. Паднаа многу нешта, но ништо толку болко како оваа разделба“ – напишал Беровиќ, коментирајќи го големиот број на луѓе кои заминуваат во странство за да работат.