Фотографии кои го прикажуваат хедонистичкиот сјај на ноќниот живот во Берлин

845

Седум години Хесус Пастор ги одбележува најголемите хедонистички кулминации во Берлин. Не постои ноќ во Берлин која не била снимена од Пастор, а овој фотограф седум години ги посетувал најголемите хедонистички забави во Берлин сакајќи да го долови ноќниот живот и да ги набљудува “ноќните животни”, како што тој ги нарекува, како живеат на вечер.

Пастор ја започнал својата авантура во 2010 година и тоа на забавата после Филмскиот фестивал во Берлин. Многу брзо стекнал голема репутација, која му овозможила него и на неговата кариера пристап до сите настани каде всушност е забрането фотографирање, односно на забавите каде речиси е невозможно да се влезе.

Во таквите клубови забавите се опишуваат со зборовите: “секс, хедонизам, бегство и изобилство”.

Последното дело на Хесус е со наслов “Диви волци”, кое е мешавина од неговите најдобри фотографии кои го прикажуваат хедонистичкиот сјај на Берлин во текот на ноќта. Тоа што е интересно и го изјави за порталот “Vice” е дека жителите на Берлин не знаат за табу: “Можете да ја помирисате слободата во секој ќош”.