Денес се заврши уште една трансфер сагаа, она за младиот Матијас де Лихт од Ајакс. На крај младиот Холанѓанец се одлучи за Јувентус иако многумина го гледаа во Барселона или ПСЖ.
Многумина се прашуваа зошто токму го избра тимот од Торино, а по повод ова прашање се огласи неговиот агент Мино Раиола, или попознат како популарниот „дебелко“.
„Јувентус во овој момент е најдобриот избор за него. Важно е еден дефанзивец да дојде во Италија, тука може да стане најдобар во светот. Овој чекор беше неопходен во неговата кариера. Во моментов Матијас е најдобриот млад фудбалер во светот“, изјави Раиола и додаде:
„Не станува збор за моја сугестија, овој избор беше цел процес. Ги согледавме сите аспекти и решивме дека Јувентус во овој момент е идеално место за негов развој. Според карактерот и амбициите, Де Лихт е многу сличен на Ибра“.