Ако „Ел Чека“ има нешто и за мене, слободно нека објави, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот говор на лидерот на ДУИ, во кој Ахмети го наметнува прашањето зошто таканаречениот „Ел Чека“ не пушта „бомби“ за луѓе од власта.
– Не може да се објавуваат приватни разговори, еве јас како Премиер порачувам: Ел Чека ќе одговара. Порачувам, ќе одговара!
Заев нагласи дека дејствијата на Ел Чека се противзаконски и оти за тоа ќе сноси одговорност.