Џенифер Лопез, како што кажавме на денот кога ѝ беше роденден, од својата посилна половина Алекс Родригез добила “скапоцено порше“.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) пред неколку денови го прослави својот 50-ти роденден, а можеби најдрагиот подарок го добила од својот вереник Алекс Родригез (44). Поранешниот бејзбол играч на Џеј Ло за љубилејниот роденден ѝ поклонил скапоцено “порше карера“ со црвена боја.

Алекс ја повикал Џенифер во дневната соба, а потоа ѝ ставил превез на очите. Инаку претходно во видеото открива дека Џенифер не возела кола полни 25 години.
„Што правиш!?“ – го прашала Џенифер.
Родригез потоа ја однел Џенифер во дворот, а пејачката токму тогаш се збунила.

„Што се случува?“ – прашала Џеј Ло.
Во меѓувреме, подарокот, односно поршето ја чекало во дворот. Кога Алекс ѝ го тргнал превезот од очите на Џенифер, таа за малку не почнала да плаче и да вреска од среќа.

„Боже, прекрасно!“ – рекла Џенифер.