Зошто е ова најскапата земја во Европа: Киријата е околу 1.300 евра, шише вино е 17, а еве што се крие зад високите цени

841

Цените на Исланд во просек се 56 проценти повисоки отколку во остатокот од Европа, што таа островска држава ја прави најскапа земја на континентот.

Кога станува збор за регионот, најскапа е Хрватска, следи Словенија на 19-то место. Црна Гора е на 30-то место.

На пример, пица во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца ќе чини околу 85 евра, шише вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца 5 евра.

Сепак, просечната брута плата на Исланд изнесува околу 4.500 евра. Киријата за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.

Кога станува збор за регионот, најскапа е Хрватска, каде вода чини околу 2,5 евра.

Според последните информации на Еуростат, на листата после Исланд се наоѓаат Швајцарија, Норвешка и Данска.

На Исланд живеат 355.000 луѓе, а како причина за високите цени на овој остров се наведува зависноста на земјата од увоз на намирници, како и високите даноци на алкохолните пијалаци.

Уште еден виновник за високите цени се големите осцилации на исландската круна во 2016-та и 2017-та година.

Иако трошоците за живот може да бидат шок за туристите, Исланѓаните во просек добро живеат, па минатата година просечната месечна плата пред оданочувањето изнесувала повеќе од 4.000 евра.

“Исланд е многу мал. Тешко е да се спореди економијата на толку мала држава со оние сто пати поголеми”, рекол Конрад Гудјонсон, главен економист при Економската комора на Исланд.

Сепак, предвидувањата на централната банка не се позитивни.

Се предвидува дека економијата на островот ќе се намали а 0,4 проценти оваа година, што би било прв пад во последната деценија.