(ФОТО) Пристигна новиот дизајн на клупскиот автобус на Вардар

910

Од редовите на актуелниот европски ракометен првак Варар се пофалија со новиот дизајн на клупскиот автобус.

Во новата сезона вардарци на своите официјални патувања ќе го користат автобусот кој доби заслужено разубавување.

Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ лигата на шампионите и во СЕХА лигата.