Макрон ги критикуваше плановите за мигрантски кампови во Африка

789

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди плановите на некои држави членки на Европската унија за отворање на мигрантски центри во северна Африка.

За време на својата посета на Нигерија, Макрон изјави дека државите од северна Африка стравуваат од отворањето на овие центри и сметаат дека тие ќе почнат да привлекуваат масовен наплив на мигранти од континентот.

Макрон потенцираше дека ниту една африканска држава до сега не дала согласност за отворање на такви центри.

Францускиот претседател изјави дека очекува Европа со децении да се справува со прашањето на миграцијата од Африка, за која рече дека е резултат на неуспехот на африканските држави да се справат со својата растечка демографија.

Макрон го изнесувал овој став и во минатото, поради што беше критикуван дека се меша во внатрешните работи на африканските држави.