Во тој град се изработуваат нуклеарни боеви глави, а се нарекува затворен затоа што има ограничен пристап за странски државјани.
Руската државна нуклеарна агенција „Росат“ по експлозијата соопштила дека експертите кои го тестирале моторот во нуклеарниот погон се починати, но не дала никакви дополнителни технички детали, освен тоа што испитувањето се одржувало на платформата на Арктикот, пишуваат од Би-би-си.
Воочено е зрачење
По експлозијата во градот Северодвинск, кој се наоѓа на 40 километри источно од доменот на Њонокс, забележано е 40-минутен период на радијација. Градските служби соопштиле дека зрачењето во градот достигнало 2 микросиверти на час за потоа да се спушти на нормални 0.11 микросиверти. Големината на радијацијата е премала за да предизвика некаква радијациска болест.
Во експлозијата настрадале уште тројца инженери кои моментално се наоѓаат во болница.
За кое оружје станува збор?
Воени експерти од Русија и Западот сметаат дека тестирањето најверојатно било поврзано со крстаречка ракета на нуклеарниот погон – 9M730 Буревестник. Владимир Путин го опишал овој проект во говорот во рускиот парламент, а НАТО му дал и име SSC-X-9 Skyfall.
Но, можно е да станува збор и за експлозија од некој друг вид оружје, еднакво способно за носење на боеви глави. Можеби станувало збор за нова крстаречка ракета од рамките на „Zircon“ која според информациите на руската војска, може да лета со осумпати поголема брзина од брзината на звукот, а можеби станувало збор и за нов подводен беспилотен проектил „Посејдон“.
Радијација над Европа
Многумина кога ја прочитаа оваа вест си помислија на епизодата на руските власти за ширење на радијација по експлозијата во Чернобил. Но, засега можеме да бидеме мирни затоа што површината на радијацијата не е воочена никаде над Европа, пишуваат од „ New Scientist“.
Норвешката управа за зрачење и нуклеарна сигурност тврди дека не е забележано ништо необично, а британската мрежа за следење на зрачењето „ RIMNET“, известила дека нема дојави за други европски земји во кои има пораст на радиоактивно зрачење.