Драма на аеродромот во Москва: Авион принудно слетал по пожар на моторот! 10 луѓе повредени! Евакуирани 230 патници

793

Авионот “Airbus A320” со повеќе од 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски, рекол портпаролот на рускиот министер за вонредни ситуации.

“Моторот се запалил при полетувањето. По итното слетување, авионот бил отстранет од пистата”, соопштило руското министерство за вонредни ситуации.

Според досега достапните информации, пожарот на моторот на авионот довел до принудно слетување. Пожарот настанал кога птица влетала во еден млазните мотори на авионот.

Компанијата “Ural Airlines” соопштила дека авионот полетал од Москва за Симферопољ, кога птици влетале во моторот, како и дека во инцидентот ниеден од патниците не бил повреден.

“Дојде до принудно слетување во Жуковски. Птици влегле во двата мотори. Моторите се исклучиле, екипажот го извел слетувањето, километар од пистата”, рекол Сергеј Скуратов, генерален директор на “Ural Airlines”.

Тој додал дека слетување е направено адвекватно, за огнот да не го зафати авионот и дека сите патници се евакуирани. На самото место има 20 екипи на итна помош, а ангажирани биле и два хеликоптери.

Руското министерство за вонредни ситуации соопштило дека во авионот имало 234 лица, вклучувајќи и 7 членови на екипажот.

Според прелиминарните податоци, 10 луѓе, вклучувајќи и три деца, биле повредени во инцидентот, а подоцна пренесени во болница.

Прес службата спомнала дека сите патници биле евакуирани од авионот, додавајќи дека за гасењето на пожарот биле користени итни единици на аеродромот. Околностите за принудното слетување и натаму се истражуваат.