Пилотот на авионот на американската агенција, Националната океанска атмосферска администрација (NOAA), влетал во окото на ураганот Доријан од петта категорија.
На видео снимката направена од пилотската кабина се гледа како изгледа тоа возење и како “ловецот на урагани” успеал да се пробие низ многу моќниот и опасен вртлог, за да дојде во центарот каде што е мирно.
Како што се наведува, тој таа акција ја извел со авион “Lockheeed WP-3D Orion”, исто така наречен “Кермит”, според ликот на жабата од популарната серија “Мапет шоу”, пренесува “Index”.
На снимката се гледа и дека пилотската кабина е украсена со маскота од Кермит.