Не помина ни недела дена од операцијата, а Луна веќе се откопча и ги покажа новите гради (ФОТО)

1067

Победничката од втората сезона на реалното шоу „Задруга“ и од скоро пејачка, Луна Ѓогани имаше естетска операција на градите пред нешто помалку од една недела.

Имено, Луна си ја исполни желбата да има поголеми гради бидејќи порано велеше дека сака поголема предница и дека е рамна како даска, а сега за прв пат по операцијата ги покажа своите нови силиконски гради.

ФОТО:ИНСТАГРАМ

Луна на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии на кои е облечена во тексас елек кој го раскопча , а видливи беа бујните силикони.

ФОТО:ИНСТАГРАМ

Покрај новите гради, Луна се пофали и со нова боја на коса. Наместо долгата руса коса по која повеќето ја паметат, поранешната задругака се определи за темно кафеава, при што многумина коментираат дека оваа промена е добредојдена особено што наскоро започнува со настапите во нејзината штотуку почната музичка кариера.