Вида со политичка провокација ги разбесни Русите, ФИФА започна истрага против стоперот на Хрватска

927

Хрватската фудбалска репрезентација по уште една пенал драма се пласираше во полуфиналето на Свтското првенство, а овојпат редот беше на домаќинот Русија кој исто така ја играше својата втора пенал завршница на шампионатот.

Хрватите уште еднаш покажаа дека се психолошки многу силни и на идентичен начин како и со Данска стигнаа до посакуваната цел, а во моменти на голема еуфорија и страст меѓу играчите и навивачите, во Русија посебно актуелна стана една невкусна тема за која се погрижи Домагој Вида.

Стоперот го постигна голот за 2:1 во судиското надополнување и фантастично го изведе ударот од 11 метри во пенал рулетот, но сепак успеа да ги разбесни Русите по крајот на мечот откако испрати политичка провокација која навистина не му требаше.

Вида победата над Русија им ја посвети на Украинците и им се обрати преку социјалните мрежи, а со оглед на тоа што владее нетрпеливост меѓу овие две земји, Русите ова го сфатија како директна провокација. Вида дефинитивно не го избра најдобриот момент за да направи ваква посвета, а сега во сето ова се вклучи и ФИФА која може да му врачи голема казна на Хрватот.

– ФИФА истражува различни извештаи кои се поврзани за натпрварот, но ги истражува и потенцијалните докази. Молима за трпение додека не ги собереме сите информации. Дотогаш ништо нема да коментираме, – објавија од ФИФА за веројатноста да го казнат Вида со неиграње во полуфиналето со Англија.

Ако се случи тоа, дефинитивно Хрватска ќе биде значително ослабена во последната линија, а во моменти на голема тензија, самиот Вида одлучи да се огласи за ситуацијата која самиот ја испровоцира.

– Оваа победа е за Хрватска. Видеото кое го направив со Вукојевиќ беше само шега. Имам многу пријатели во Украина од времето во Динамо Киев, тоа го кажав за нив. Немав намера некого на навредам, не знам зошто Русите се толку бесни на мене. Сакам и нив да им повторам дека ова беше само шега, – порача Вида.