NBA колумна на Димитар Младеновски – Слободни играчи во NBA

735

Нешто помалку од еден месец преостанува до почетокот на новата сезона на најсилната светска кошаркарска лига. Наскоро екипите ќе ги имаат своите први подготвителни натпревари по што ќе ги финализираат ростерите со кои ја почнат сезоната. Сепак, во овој период до почетокот на сезоната, има многу познати имиња кои се уште се наоѓаат на листата на слободни агенти. Списокот на играчи кои немаат тим е навистина импресивен.

Ryan Anderson – Eден од најдобрите шутери во последната деценија. Имаше богат договор кој не го оправда. Договорот му заврши ланската сезона која ја подели помеѓу Phoenix и Miami, и одигра вкупно само 25 натпревари цела година. За ветерански минимум би бил одлично решение на позиција 3 од клупата за резерви.

J.R. Smith – “Swish” е приказна сама по себе. Познат по своето недисциплинирано однесување на теренот, и вон него. Многумина забораваат дека Smith е еден од најопасните шутери кога има своја ноќ. Ветеран со 16 сезони зад него, може да биде од голема помош за play off конкурент. Често погрешно разбран и секојдневно критикуван, J.R. е играч кој можеби помина најтешко во медиумите последната деценија. Се надевам дека ке добие шанса да го докаже својот квалитет во сезоната која е пред нас.

Kenneth Faried – Еден од физички најсилните крила во лигата. Поранешниот репрезентативец (и носител на златен медал со САД) е исклучително корисен кога станува прашање за борба, напорна работа и одбрана на теренот. Лани во дресот на Houston покажа дека и тоа како може да помогне за тим кој е претендент за тронот.”The Manimal” е играч кој со своето искуство и дисциплина може многу да помигне околу развојот на младите играчи во било кој NBA колектив.

Iman Shumpert  – Уште еден поранешен шампион. Исклучителен дефанзивец. Лансаката сезона ја подели меѓу Sacramento и Houston. За времето кое го помина на теренот уште еднаш докажа дека може да биде од голема корист за секој кошаркарски тим кој е во дефицит од дефанзивни играчи.

Jonathon Simmons – Прво беше преплатен од Orlando Magic па потоа трејдуван во Philadelphia каде одигра само 15 натпревари со лимитирана минутажа. Simmons е “комбо бек” кој подеднакво добро се снаоѓа и на крилната позиција. Играч на кој не му недостига ни малку храброст во офанзивниот дел на теренот. Интересно е што тој не е ништо помалку корисен и во дефанзивата. “The Juice” треба (и заслужува) да добие нова шанса, набрзо.

Jamall Crawford – “J-Crossover” или бекот кој не старее. Во пресрет на неговата 18 NBA сезона, на 39 годишна возраст, лани покажа што се може да стори доколку добие минутажа во играта. Стана највозрасниот играч во историјата кој постигнал 50 поени на еден натпревар. Во својата досегашна кариера 3 пати ја освојуваше наградата за најдобра 6-ти играч (најдобра резерва во NBA). Сите вистински љубители на кошарката посакуваат да го видат на теренот.

Joakim Noah – Поранешниот најдобар дефанзивец во лигата имаше две ужасни сезони во New York. Како играч на Knicks-и доби астрономно богат договор за да настапува за својот роден град. Не само што не ги оправда очекувањата туку стана и еден од најомразените играчи во “големото јаболко”. Лани како слободен играч потпиша договор за Memphis Grizzlies и во 42 натпревати во кој настапи покажа дека неговата енергија и борба за докажување на теренот сеуште постои. Се почесто го поврзуваат со двата тима од L.A. Дали ке го облече дресот на Lakers или Clippers е енигма во моментов. Во секој случај, со нетрпение ке се очекува неговото појавување на теренот и заразната енергија која одсекогаш ја носел со себе.

Carmelo Anthony – За многумина е шокантно што “Мelo” сеуште нема тим за кој ке настапува следната сезона. Лошите искуства од последните две години во Oklahoma City и Houston го примораа 10 кратниот All Star да размислува за (предвремено) пензионирање. На 35 години, Anthony би бил сосема солидно оружје од клупата за резерви – улога која во минатото одбиваше да ја слушне а камоли да ја прифати. По последните вести дека Brooklyn не е заинтересиран за негово доведување во тимот, останува да се види дали егото на “Мelo” е поголемо од неговата желба да докаже на кошаркарскиот Свет дека е сеуште одличен играч?

NBA FAN

Димитар Младеновски