Израел нападна воздушна база во Сирија

863

Израел изведе ракетен напад на воздушната база Т4 во покраината Хомс во недела навечер, јавуваат сириските државни медуими повикувајќи се на воен извор.

“Нашите состави на противвоздушна одбрана го спречија израелскиот напад и срушија неколку ракети чија цел им беше аеродромот Т4”, наведува воениот извор.

Противвоздушната одбрана погоди еден од авионите за време на нападот и ги присили останатите да го напуштат сирискиот воздушен простор, се додава.

Материјална штета

Изарелскиот воен гласноговорник рече дека Израел не ги коменира извештаите од страна.

Дамаск, како и неговите сојузници Иран и Русија, го обвинуваат Израел за нападот на Хомс на 9 април кога загинаа седум припадници на Иранската револуционерна гарда.

САНА вели дека неделниот ракетен панад предизвика само материјална штета. Израел стравува од ширење на иранското воено присуство во војната во Сирија.