На неодамна завршеното место, нашите одбојкари ги завршија настапите уште во групната фаза со две победи меѓу кои една против вицешампионот Словенија.
Ова е голем напредок и историски резултат на дебито.Овој циклус од две години е успешен… Честитки до ОФМ и целиот стручен штаб и играчите. Следниот циклус за наредното ЕП започнува денес. Квалификациите за наредното ЕП се во август и септември 2020година. Би сакал да го продолжиме континуитетот на големите натпреварувања и после две години да бидеме подобри од 17 место на ЕП и 21 во Европа. Знам дека можеме. Европско првенство 2023 година – Македонија (еден од организаторите), сонот на оваа генерација. Ве молам помогнете, напиша на својот Фејсбук – профил, капитенот Никола Ѓорѓиев, кој искрено се надева дека нашата земја ќе дојде до толку посакуваната кандидатура за одржување на големиот континентален добир.
Инаку, на ова ЕП шампионската титула ја освои селекцијата на Србија, која во финалето славеше над Словенија со 3-1 во сетови.