Ноле си ги одмери силите со сумо борач: Погледнете како помина (Видео)

790

Во исчекување на стартот од АТП турнирот во синг конкуренција во Токио, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ги одмери силите со сумо борач.

“Неверојатно искуство. Никогаш порано не сум пробал нешто слично. Ова е еден од најпопуларните спортови во Јапонија. Вчера зборував со татко ми по телефон. Се потсетивме како некогаш навивавме за Акебоно. Почувствував дека покрај сумо борачот не сум во форма. Ќе морам да кренам неколку килограми. Веројано три пати повеќе отколку што имам сега”, се пошегувал Ноле.