Меѓу убавите финалистки на натпреварувањето за најдобар задник, посебно се истакнала 29-годишната Сузи Кортез, која ја понела титулата Мис БумБум 2019.
Убавата Сузи позирала во минијатурно бикини и чизми со бутовите во боите на бразилското знаме, а ова за неа била втора победа на истото натпреварување, кое го освоила во 2015-та година.
Убавата Бразилка го заземала првото место, втора била Французинката Рајан Лаура Соуза, а трета Британката Џесика Лопез.
Ова натпреварување, освен по разголените убавици, е познато и како извор на бројни контроверзи, а на претходните избори за најдобар задник не недостасувале ни драми ни скандали.
Минатата година второпласираната натпреварувачка во напад на љубомора ја тргнала лентата од победничката и се прошетала со неа на пистата, а една година претходно убавата Рози Оливера била принудена да избере дали сака да остане во брак или да настапи на натпреварувањето, со оглед на тоа сопругот и забранил да учествува. Го избрала натпреварот и го освоила првото место. Со оглед на тоа дека победничката добива значајна парична награда, не чуди тоа што оваа убавица имала голема желба да учествува.
Сузи оваа година со титулата најдобар задник на светот, дома однела околу 11.000 евра.
Натпреварувањето за Мис БумБум претходните години било национално натпреварување во Бразил, но оваа година можеле да учествуваат убавици од целиот свет. Било одржано во Мексико.