После само еден месец врска, Џастин Бибер ја запроси Хејли Болдвин

1903

Како што наведува ТМЗ, пејачот ја запросил манекенката во ресторан на Бахамите, каде што моментално се на одмор, а обожавателите успееа да ја фотографираат со веренички прстен.

Интересно е тоа што фотографијата на Инстаграм ја објави фан страната на Џастин и Селена, но по се изгледа дека фановите се помириле со фактот дека помеѓу нив повеќе ништо нема да има, откако го видоа огромниот дијамант на прстенот на Хејли Болдвин. Деталите за прстенот сè уште не се познати, но очигледно е дека Џастин не бил скромен. Обожавателите успеале да го снимат парот на денот на запросувањето, како што ни открива Харперс Базар, а на овие снимки делуваат многу среќно и заљубено.

Во прилог на гласините е и фотографијата на Инстаграм што вчера ја сподели таткото на Џастин.

„Малку е да кажам дека сум горд. Многу сум возбуден за твоето ново поглавје во животот“, напиша Џереми Бибер, под старата фотографија на својот син и многу е веројатно дека бракот е всушност новото поглавје за кое што зборува.

Иако запросувањето на Хејли е пребрзо направено, со оглед на тоа дека се во врска само еден месец, нивната љубовна приказна почнува уште од 2016 година, кога прв пат беа заедно, а исто така таа е одговорна за неговата последна разделба со Селена Гомез, во март оваа година.