Србите бесни на Перо Антиќ: Им забил нож во срцето

685

Откако беше објавено за потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Кошаркарските федерации на Македонија и Косово, привлече големо внимание и крена бура во српските медиуми.

Гневото го навлече првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, пред се од навивачите на Црвена звезда, за која играше во два наврата, поради договорената соработка со Косово.

„Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија и бивш кошаркар на Црвена звезда, Перо Антиќ, потпиша Меморандум за соработка со Федерацијата на т.н. Косово на две години и предизвика лавина негативни коментари меѓу навивачите на белградскиот клуб. Тој договор подразбира акции за заеднички развој на спортот, организирање пријателски натпревари на помладите селекции, како и размена на стручњаци и заеднички тренинзи и кампови“, пишува „Српска инфо“.

Причина за тоа е улогата која поранешниот играч на Црвена звезда и миленик на Делии, Перо Антиќ, ја имаше како потписник од страната на КФСМ, што од српската јавност беше сфатено како своевидно предавство со оглед што Србија не ја признава косовската независност.

Порталите на северот се натпреваруваа во пишување подраматични наслови во кои го прашуваат тројниот европски шампион „зошто го направил тоа“, „што на тоа ќе кажат твоите Делии“, па дури и потенцираат дека „им забил нож во срцето на најверните навивачи на Ц.Звезда“, пренесува „Информер“.