Балаков ги обвини Англичаните: Тие се виновни за ова, Бугарија нема проблем со расизмот!

707

Убедливата победа од 0-6 на Англија остана во сенка на неспортското однесување и навивање на бугарските фанови на синоќешниот натпревар на „Васил Левски“.

Во еден момент мечот беше прекинат, заради мајмунски извици и фашистички симболи од страна на домашните навивачи, но бугарската легенда, а воедно и селектор на репрезентацијата Красимир Балаков, истакна дека виновници за ваквиот расплет на трибините биле токму Англичаните.

„Навистина не слушнав што извикуваа нашите фанови. Видов само дека судијата го прекина мечот. Не знам зошто сите кон Бугарите го впериле прстот, а не кон Англичаните кои ја исвиркуваа нашата химна, а во вториот дел испратија сериозни навреди кон кон нашите фанови. Бугарија нема проблем со расизмот, како што има Англија. Тука, во домашното првенство играат фудбалери од сите континенти и никогаш сме немале такви проблеми. За жал, наместо сега да зборуваме за фудбал, фокусот е ставен на нешто нефудбалско. Исто така, во Бугарија гостувале разни селекции, и никогаш немало вакви работи“, рече членот на легендарната генерација на Бугарија на Светското првенство во 1994 година.

Големиот скандал кој го предизвикаа бугарските навивачи сигурно нема да биде простен од страна на УЕФА, која во последните години го дава максимумот за да се справи со расизмот. Па затоа се очекува драконска казна за Бугарија.